Сиљановска и Вучиќ разговарале за уште посилно поврзување во областите од заеднички интерес
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа објави дека разговарал со македонската претседателка, Гордана Сиљановска-Давкова, за регионални и билатерални прашања.
„Разменивме мислења за важни регионални прашања, понатамошно подобрување на соработката и можности за уште посилно поврзување во областите од заеднички интерес“, објави Вучиќ на Инстаграм.
Тој го оценил телефонскиот разговор како значаен и додал дека е истакната подготвеноста за продолжување на подобрувањето на односите меѓу двете земји.
„Србија останува посветена на зачувување на мирот и стабилноста и зајакнување на соработката со Северна Македонија, убеден дека тоа е во најдобар интерес на граѓаните на двете земји и на целиот регион“, напиша српскиот претседател.
View this post on Instagram
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Легендарниот кошаркар Бодирога влегува во српскиот парламент
Легендарниот кошаркар и поранешен репрезентативец на СФР…
Османи: Кремљ ги загуби двајцата свои главни…
Потпретседателот на ДУИ и екс-шеф на македонската…
Меџити: Промените победија во Србија, крајот на…
Еден од копретседателите на ВЛЕН и градоначалник…
Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…
Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…