Објавено на:

Зеленски: Погодивме рафинерија во Уфа и воена фабрика во Русија

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека украинските сили извеле нови разорни удари врз клучна економска и воена инфраструктура во внатрешноста на територијата на Русија. Според неговите зборови, украинското оружје повторно ја пробило руската одбрана и погодило стратешки цели на огромна оддалеченост од границата со Украина.

„По вторпат нашите санкции, како одговор на руското продолжување на војната, стигнаа до рафинеријата за нафта во Уфа, еден од најголемите руски производители на мазива. Оддалеченоста на оваа цел е повеќе од 1300 километри од линијата на фронтот“, порача Зеленски, прикачувајќи кон објавата и видеоснимка на која се гледа огнена буктина во рускиот индустриски погон.

Освен огромната рафинерија за нафта во Уфа, украинските дронови и проектили успешно нападнаа уште една критична точка на воената машина на Путин, овој пат во Пензенската област.

„Нашето оружје стигна до стратешки објект на рускиот воено-индустриски комплекс во Пензенскиот регион. Станува збор за погони кои се директно вклучени во развојот и производството на компоненти за ракетно вооружување – истото она со кое окупаторите секојдневно удираат по нашите градови и заедници“, појасни украинскиот претседател, додавајќи дека оваа воена фабрика е оддалечена околу 600 километри од боиштето.

Зеленски нагласи дека Украина нема да се откаже од стратегијата за пренесување на војната на територијата на агресорот и овие удари ги нарече „украински долгометни санкции“.

„Секој ден се спроведува нашиот план за наметнување на украинските долгометни санкции. Ова е целосно праведен одговор на сè што Русија прави против нас. Мирот е неопходен, а тоа е токму она што руското раководство мора да го сфати. Русија мора да ја заврши својата војна, а нивното раководство ги има сите можности тоа и да го стори. Му благодарам на секој украински воин кој ја осигурува нашата долгометна прецизност“, заклучи Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Зеленски ќе се сретне со Трамп за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…

Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…

Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…

Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…