Екипите работат на расчистување на критичните точки во Кисела Вода, еве каде граѓаните може да пријават проблем

t

Општина Кисела Вода свика итна седница на Кризниот штаб по невремето кое во зафати Скопје.

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска информира дека екипите се на терен и интервенираат по пристигнатите пријави за поплавени површини и објекти.

-Во постојана и интензивна комуникација сме со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како и со надлежните служби на Град Скопје, со цел што побрза интервенција и санирање на штетите. Мобилизирани се сите расположливи општински служби, кои работат на расчистување на критичните точки и обезбедување на безбедноста на граѓаните, посочува Стаменкоска Трајкоска.

Апелира до жителите на Општина Кисела Вода, доколку забележат проблеми или имаат потреба од асистенција, случајот веднаш да го пријават на дежурните телефони:

Бобан: 072 250 719
Димитар: 072 443 500

-Сите наши капацитети се целосно ставени во функција на помош и поддршка на граѓаните. Нашите служби остануваат на терен се додека состојбата целосно не се нормализира, вели градоначалничката.

Поврзани теми

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…

Димитриеска Кочоска: Министерството за финансии нема никаква…

На надзорната расправа во Комисијата за финансирање…

73-годишна жена била пронајдена почината во нејзиниот…

73-годишна жена вчера била пронајдена почината во…

Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување…

Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон…

БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПОВИКА ВЛАДАТА ДА ГО СЛЕДИ…

Велика Британија нема да може да изгради…