Адвокатката Ристова: Обвинителството не го заштити тепаното девојче од Штип, родителите не биле свесни за нивните насилни деца

t

По вознемирувачкиот случај на физички и психички напад врз малолетно девојче од негови врсници во Аеродром, адвокатката Маја Ристова потсетува на друг сличен настан, за кој тврди дека судот не го заштитил малтретираното девојче.

-Еве да видите дека не зборувам на памет кога пишувам дека државата нема да мрдне со мал прст за врсничките насилства, додека не ни се случи ,,Рибникар”, вели авокатката Маја Ристова, која го застапуваше детето од Штип, жртва на врсничко насилство.

-Само што примив Решение од Вишото јавно обвинителство во Штип во кое се вели дека Основното јавно обвинителство во Штип правилно утврдило дека родителите на децата што крвнички тепаа друго дете и тоа неколку пати по ред, не се одговорни за кривичното дело ,,Запуштање и малтретирање на дете”, затоа што не биле свесни за дејствијата што ги преземале нивните деца. Ејјјј, не биле свесни, не ми се верува што читам. Требало да има континуирано и сериозно занемарување, а не ова? Што е ова? Го тепале три месеци, и психички и физички го малтретирале, ништо не е тоа. Требало да го избодат, скраја било. И ова пази “Фактот што детето самостојно превземало противправно дејствие не може да се квалификува како запуштање или малтретирање. Каква порака се испраќа со ова? Ако овде нема одговорност, каде имаше и признанија и видео снимки, што со останатите насилства, прашува таа и го објави решението од судот, заедно со видео од врсничкото насилство, напиша адвокатката на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатката Ристова: Обвинителството не го заштити тепаното…

По вознемирувачкиот случај на физички и психички…

Професор во средно училиште во Кичево натепал…

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68)…

За 8 март дури осум пријави за…

На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје,…

Лишен од слобода насилник кој ја нападнал…

Лишен од слобода насилник од охридско, во…

Судска постапка за пет деца за ужасното…

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за…