Французин сокрил Тајланѓанка во куфер и се обидел да ја прошверцува од Албанија
Албанските погранични власти на преминот Муриќан, на албанско-црногорската граница, привеле француски државјанин кој се обидел да транспортира Тајланѓанка скриена во куфер .
– Уапсен е Том Хаак, 26-годишен, со француско државјанство. При преглед на неговото возило на граничниот премин Муриќан, службите на граничната полиција пронашле куфер на задното седиште, во кој била скриена тајландска државјанка. Станува збор за обид нелегално да ја изнесе од територијата на Република Албанија, се наведува во полициското соопштение.
Преку територијата на Црна Гора, а потоа и Хрватска, крајна дестинација требало да биде Франција, избегнувајќи ги законските процедури за минување на границата.
Според полицијата и двајцата се во притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Французин сокрил Тајланѓанка во куфер и се…
Албанските погранични власти на преминот Муриќан, на…
Уапсени трите лица за бруталниот напад врз…
Уапсени се трите лица за бруталниот напад…
Aвтомобил излета пред Охрид: Тешко повредени возачот…
На 01.07..2026 година во 16:20 часот, на…
Пронајдено оружје по претреси во Демирхисарско, уапсени…
Четири лица се лишени од слобода во…
Тетовец летал со 177 на место каде…
На 01.07.2026 во 18:00 часот на патот…