(Видео) Во стан во Скопје запленети 11 килограми марихуана, кокаин и други видови дрога
При претрес на стан во Скопје пронајдени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин, поголема количина ЛСД и други видови дрога.
Како што информираа од МВР, на 02/03.07.2026 од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, извршен бил претрес во стан кој го користат М.Б и Н.Ј, кои претходно биле лишени од слобода од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.
При претресот извршен по добиена судска наредба, пронајдени и одземени биле 11,5 килограми марихуана, 400 грама кокаин, како и амфетамин, екстази, ЛСД, масло-хашиш смола, халуциногени печурки.
„Лицата се задржани за понатамошна постапка, а од страна на ЕНТ до надлежното ОЈО е поднесена кривична пријава во итна постапка“, посочија од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсена е инспекторка од АХВ – барала…
Во полициска акција во Скопје, неофицијално, приведена…
Од Нова Градишка до Крушево: 930 километри…
Шестмина македонски велосипедисти денеска пристигнаа во Крушево,…
Макрон предупредува: Можно е руски напад врз…
Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека не…
Клековски: Заврши пријавувањето за вработување на 300…
Заврши пријавувањето на повикот на Министерството за…
Лавров и Аракчи за ситуацијата во Иран:…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…