Васко Кичевски со критики кон врвот на СДСМ за односот кон новата Платформа
Поранешниот функционер на СДСМ, Васко Кичевски, преку објава на Фејсбук упати критики до актуелното раководство на партијата за односот кон новата политичка платформа.
„Од група луѓе кои во суштина се СДСМ, луѓе кои не можат да бидат ништо друго освен СДСМ, вие правите противници. Со секој нов ден ги туркате сè поблиску кон создавање нова партија. Свесно или несвесно, на овој начин опозицијата се дели уште подлабоко“, напиша Кичевски.
Тој смета дека раководството требало да понуди разговор, наместо јавни реакции против луѓе кои, според него, суштински припаѓаат на СДСМ.
Кичевски оценува дека актуелното раководство изгледа уплашено од новата платформа и предупредува дека новата поделба може дополнително да го влоши резултатот на СДСМ на следните парламентарни избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Васко Кичевски со критики кон врвот на…
Поранешниот функционер на СДСМ, Васко Кичевски, преку…
Трагедија во кратовско, загина млад маж
На 04.07.2026 околу 00:10 часот во ОВР…
Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во убедливо водство
Христијан Мицкоски, ПринтскринОд 10 до 27 јуни…
Големите партии се во заговор против нас,…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната…
Трамп: Америка никогаш нема да биде комунистичка…
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Американците…