Зајкова: По 11 дена, случај со седум убоди со нож доби пријава само за „насилство врз дете“

t

Претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова остро реагираше по одлуката на МВР, 11 дена по нападот врз 14-годишното момче во Ченто, да поднесе кривична пријава за кривичното дело „насилство врз дете“.

Во објава на Фејсбук, Зајкова посочува дека иако ваквиот напад може да содржи елементи на ова кривично дело, останува отворено прашањето дали во конкретниот случај постојат и елементи на потешки кривични дела, како што се тешка телесна повреда или обид за убиство.

По 11 дена, МВР поднесува кривична пријава за ‘насилство врз дете’ за случај во кој дете е избодено седум пати со нож. Да, ваквиот напад може да содржи елементи на ова кривично дело, но вистинското прашање е дали истовремено постојат и елементи на потешко кривично дело – тешка телесна повреда или обид за убиство“, наведува Зајкова.

Таа додава дека доколку седум убоди со нож, оставање на жртвата беспомошна и бегство од местото на настанот не бараат најсериозна правна анализа и јасно образложение од надлежните институции, тогаш граѓаните со право ја губат довербата во правосудниот систем.

„Ако седум убоди со нож, оставање на жртвата беспомошна и бегство од местото на настанот не бараат најсериозна правна анализа и јасно образложение од надлежните, тогаш со право граѓаните ја губат довербата дека правдата е еднаква за сите“, порача Зајкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затвор за лажни вести што ќе го…

Со новиот Кривичен законик, кој е испратен…

Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…

Средба на претставници на САД, Русија, Украина…

Нови правила за патување во Европа од…

Граѓаните на Македонија, како и на другите…

Турција планира изградба на втора нуклеарна централа…

Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за…

Рама за победата на Студентската листа: Србија…

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Србија,…