Пожарите во Штип и кај Пробиштип се изгаснати, постои сомнеж дека еден е подметнат
Чистење двор или спој на разлабавени електрични жици меѓу две бандери се првичните индиции за причината за пожарот што вчера попладне избувна на тврдината Исар во Штип. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција во Штип изјави дека надлежните сè уште утврдуваат што точно го предизвикало огнот.
Тој информираше дека пожарот во Општина Пробиштип е целосно изгаснат. Во неговото гаснење биле ангажирани три „ер трактори“, противпожарни единици од повеќе градови, како и доброволни противпожарни друштва од Кочани, Пробиштип и од Виница. Ангелов им се заблагодари и на граѓаните кои вчера со земјоделска механизација помогнале во справувањето со пожарите во Штип и во Пробиштип.
Директорот на ДЗС посочи дека се истражува и пожарот кај штипската „Млекара“, за кој постои сомнеж дека бил подметнат.
Ангелов упати апел до граѓаните да не палат оган на отворено, без разлика дали станува збор за чистење дворови, палење стрништа, расчистување пасишта или за подготовка на скара бидејќи и најмала невнимателност може да доведе до пожар со сериозни последици.
Воедно, тој ги повика граѓаните доколку забележат разлабавени електрични жици или друг дефект на мрежата, веднаш да го пријават во ЕВН или на бројот за итни случаи 112.
— За пожарот кој што изби на Исарот имаме индиции дека е настанат поради чистење двор на некоја од куќите, но има и одредени индиции дека настанал поради допирање лабави жици помегу две бандери. Се работи на прецизирање на причинителите, но, како и да е, ја користам приликава да упатам апел до сите граѓани да бидат внимателни и никаде никогаш да во текот на летото да не палат оган на отворен простор. Палењето оган од било кој мотив, дали да се зачисти доврот, понатаму земјоделците да ги зачистат своите стрништа, сточарите да ги исчистат своите пасишта некои да напарави скара или друг мотив, може да предизивка пожар со катастрофлани последици, како што на пример е пожарот на Исарот. Иако не е нанесена голема штета, сепак го унакази овој карактеристичен рид кој што се наога веднаш до градот. Апел и до граѓаните, доколку забележат разлабавени жици помегу бандерите, или евентално далеководи тоа да го пријават во ЕВН или на бројот за итни случаи 11 — рече Ангелов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…
„На Задушница не се заборава“: Се одржа…
На денот на Задушница, семејствата и блиските…