Мароко прв четвртфиналист на СП 2026
Во првиот осминафинале натпревар на Светското првенство во фудбал, Мароко вечерва ја совлада Канада во Хјустон со 3-0 и со убедлива победа го завери местото во четвртфиналето.
Мароканците, кои на последното Светско првенство 2022 во Катар го освоија третото место, пласманот во четвртфиналето го обезбедија со три гола во второто полувреме.
Воведните 45 минути донесоа претпазлива игра на двете репрезентации, без ниту една посериозна шанса за гол.
По само пет минути игра во второто полувреме, Азедин Унахи го доведе Мароко во водство, а истиот фудбалер во 82 минута ја удвои предноста на африканската репрезентација.
Печат на убедливиот триумф на Мароканците стави Рахими во завршните секунди од судиското продолжение.
Противник на Мароко во четвртфиналето ќе биде победникот од второто осминафинале во кое вечерва ќе играат Франција и Парагвај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мароко прв четвртфиналист на СП 2026
Во првиот осминафинале натпревар на Светското првенство…
Првото бебе родено во 2026 е девојче!
Точно на полноќ, на 1 јануари 2026…
Орбан: 2026 година ќе биде клучна за…
Оваа година беше пресвртница, а 2026 година…
Трагедија во Мароко: Се урнаа две згради,…
Најмалку 19 лица загинаа, а 16 се…
Голот на Миовски против Лихтенштајн избран за…
Македонската репрезентација славеше победа во првото квалификациско…