Зеленски: Зборував со Трамп по телефон, има вистинска шанса да се стави крај на војната со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски им го честиташе Денот на независноста на американскиот претседател Доналд Трамп и на граѓаните на САД, по телефонски разговор што го оцени како „многу добар“.
Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Зеленски изрази благодарност до САД „за досегашната помош за Украина — од системите ‘џавелин’ и ‘патриот’ до политичката поддршка“.
„Длабоко цениме што Америка стои покрај нас во одбраната на нашата независност“, напиша Зеленски, додавајќи дека му е благодарен на секој Американец кој се грижи за иднината на Украина, Европа и на сите во светот за кои слободата е важна.
Зеленски соопшти дека со Трамп разговарале и за актуелната состојба на фронтот, како и за дипломатските напори за завршување на војната.
„Постои реална можност да се стави крај на оваа војна, а решителноста на Америка е од клучно значење“, наведе украинскиот претседател.
Тој додаде дека со Трамп наводно се договориле разговорите да продолжат за време на самитот на НАТО во Анкара.
„Ви благодарам, Соединети Американски Држави! Ви благодарам, господине претседателе! Среќен 4 Јули! На Американците им посакувам продолжен просперитет и успех“, порача Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп прогласи вонредна состојба поради безбедносни ризици…
Американскиот претседател Доналд Трамп на 26 август…
НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ ВО САД: Пожар и пријавено…
Пожар избувнал во Националната лабораторија „Савана Ривер“…
„Волстрит џурнал“: САД ги предупредија земјите од…
САД информираа неколку арапски земји од Персиски…
САД потрошиле над 47 милијарди долари за…
Американските вооружени сили потрошиле над 47 милијарди…
Трамп нуди награда од милион долари за…
Американскиот претседател Доналд Трамп нуди награда од…