На предлог на ЛДП и ЛИБСЕН евролибералите изгласаа итна резолуција против ветата и малтретирањата на ЕУ-границите
На предлог на ЛДП и ЛИБСЕН, Европските либерали изгласаа Итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
Либерално-демократската партија информира дека е остварена голема дипломатска победа на меѓународна сцена во директна заштита на достоинството на македонските граѓани и нивната европска иднина. На овогодинешниот Конгрес на партијата АЛДЕ, кој викендов се одржува во Виена, со огромно мнозинство била усвоена Итната резолуција за визионерско проширување на ЕУ и достоинство на границите.
Овој стратешки важен документ беше поднесен од страна на ЛДП, предводејќи ги сестринските партии од Либералната мрежа на Југоисточна Европа (ЛИБСЕН), со што уште еднаш се докажа моќта на либералното сојузништво кога се во прашање државните интереси, соопштија од ЛДП.
Клучниот аспект на оваа резолуција е директниот напад врз понижувачкиот третман што македонските граѓани го доживуваат на границите со Европската Унија, со посебен акцент на т.н. Систем за влез/излез (EES). Во текстот на резолуцијата, европските либерали изразија длабока загриженост поради фактот што овој систем неправедно ги третира земјите-кандидати како обични „трети земји”, што резултира со недозволиви административни тесни грла, деградација и сцени на границите кои сериозно го нарушуваат човековото достоинство. АЛДЕ упати итен повик до институциите на ЕУ и земјите-членки за итна реформа на овие протоколи, со цел да се заштити прекуграничната економија и да се врати европската солидарност на дело.
Истовремено, со оваа резолуција се бара децидно и итно прекинување на практиката на билатерализација на пристапниот процес. Европските либерали испратија кристално јасна порака дека не смее да се дозволи ниту една земја-членка да го злоупотребува правото на вето за билатерални спорови и прашања базирани на историја, кои со години неправедно го кочат македонскиот напредок. Наместо тоа, се бара брза транзиција кон гласање со квалификувано мнозинство (QMV) за сите меѓучекори во интеграцијата, што ќе обезбеди предвидлив процес заснован исклучиво на реални заслуги и исполнети критериуми, информираат од ЛДП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На предлог на ЛДП и ЛИБСЕН евролибералите…
На предлог на ЛДП и ЛИБСЕН, Европските…
Зајкова: Ни се потсмеваа пред една година…
По последните информации кои доаѓаат од Град…
ЛДП слави 29 години постоење: Македонија може…
„На 19 април 1997 година, во Македонскиот…
ЛДП бара итно расчистување на случајот во…
Повторно, Либерално-демократската партија (ЛДП) алармира и искажува…
ЛДП бара возачите на камиони да бидат…
„Додека нашите владини претставници уверуваа за брзо…