Објавен е повикот за упис во средното полициско училиште
Министерството за внатрешни работи објави јавен повик за прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија, за учебната 2026/2027 година.
Со оваа одлука, по пауза од 26 години, повторно се враќа средното полициско образование во земјата.
Новата генерација ќе се школува под мотото „Облечи ја униформата со гордост!“, а наставата ќе се реализира во рамки на Полициската академија во Идризово, каде учениците ќе престојуваат во интернат и ќе следат стручна и општообразовна настава.
Право на пријавување имаат ученици кои завршиле втора година во четиригодишно средно образование, а условите вклучуваат добро здравје, психофизичка способност, како и најмалку „добар“ општ успех.
Селекцијата ќе се спроведе во три фази – проверка на моторички способности, писмен тест и интервју, по што ќе се изработи конечна ранг-листа според освоените бодови.
По успешното завршување на школувањето и државната матура, Министерството за внатрешни работи ќе им обезбеди работно место како полицајци, што дополнително го зголемува интересот за новиот конкурс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…
Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…
Две повозрасни лица биле физички нападнати на…
Уапсен 19 годишник од Куманово, полицијата му…
На 02.06.2026 во 18:50 часот во Куманово,…
Спречена тешка кражба во РЕК Битола, приведени…
Утрово во 03:00 часот во кругот на…