Во пукотница во Њујорк осуммина ранети, меѓу кои четири деца
Најмалку осум лица, меѓу кои и четири деца, биле ранети во пукотница минатата вечер за време на прославата на Денот на независноста на САД на Кони Ајленд во Њујорк, објави Ројтерс.
Според соопштението за медиумите од Полициската управа на Њујорк (NYPD), полицајците одговориле на пријавите за пукотница околу 22:37 часот по локално време на Западната 31-ва улица во Бруклин.
Меѓу ранетите се двајца мажи, две жени и четири деца на возраст од шест, седум, 12 и 14 години. Сите жртви се префрлени во болници. Седум лица се во стабилна состојба, додека животот на 21-годишна жена е во опасност, објави полицијата.
На местото на настанот е пронајдено огнено оружје, но полицијата, , сè уште не извршила апсења. NYPD не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар. Пукањето се случило додека Соединетите Држави ја одбележуваат 250-годишнината од независноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во пукотница во Њујорк осуммина ранети, меѓу…
Најмалку осум лица, меѓу кои и четири…
Се запали Бруклинскиот мост во Њујорк додека…
Пожар избувна на Бруклинскиот мост во Њујорк…
Драма во скопско Шишево: Пукал кон соселанин,…
Жител на скопското село Шишево е приведен…
Приведен 73-годишник од скопско, со пиштол пукал…
На 16.05.2026 во 23:30 часот, полициски службеници…
Пукање во центарот на Атина: Четворица повредени,…
Грчката полиција започна потера по 89-годишен осомничен…