Либерман: Израелската армија има муниција за уште десет денови
Поранешниот израелски министер за одбрана и лидер на партијата Израел наш дом, Авигдор Либерман, изјави дека израелската армија има муниција само за уште десет денови.
-За десет дена израелската армија повеќе нема да има муниција – наведе Либерман.
Тој во интервју за израелската државна телевизија КАН го критикуваше премиерот Бенјамин Нетанјаху поради владиниот предлог да се изменат ултраортодоксните Евреи од задолжителниот воен рок.
Според него, владата на Нетанјаху е подготвена да ги загрози државните интереси само да ја зачува владејачката коалиција.
Либерман тврди и дека Хамас ја зацврстил контролата врз Појасот Газа и оти исламистичката група повторно почнала да произведува ракети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АМЕРИКАНСКИОТ НОСАЧ НА АВИОНИ „ТЕОДОР РУЗВЕЛТ“ НЕМА…
Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“,…
Фон дер Лајен: Украина мора да преговара…
Европската комисија, и покрај повиците да ѝ…
Исчезнала млада жена од Куманово
31-годишна жена од Куманово вчеравечер била пријавена…
Меланија Трамп повика на трајно примирје во…
Првата дама на САД, Меланија Трамп, денеска…
Муцунски оствари средба со Варнс: Фокус на…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…