Москва: Руските сили ги нападнаа одбранбената индустрија и енергетските претпријатија во Киев
Руските вооружени сили во текот на ноќта извршија масовен напад како одговор на украинските напади, таргетирајќи ја одбранбената индустрија и енергетските претпријатија во Киев и во околниот регион, како и инфраструктурата на воените аеродроми во Дњепропетровската, Полтавската, Черкаската, Черниговската и Киевската област, соопшти утрово Министерството за одбрана на Русија.
Во соопштението се наведува дека руските вооружени сили го извршиле масовниот удар користејќи прецизно оружје со голем дострел од копно, воздух и море, како и дронови. Во соопштението се тврди дека во тие напади се оштетени воено-индустриски комплекси, објекти за гориво и за енергетската индустрија во Киев и во Киевската област, како и инфраструктурата на воените аеродроми во областите.
Најмалку девет лица загинаа, а 46 се повредени во рускиот напад врз Киев во текот на ноќта, соопшти претходно шефот на градската воена управа, Тимур Ткаченко. Руските сили во текот на ноќта извршија уште еден масовен напад врз Киев, што предизвика пожари.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека украинските разузнавачки податоци укажуваат оти Русија подготвува нов масовен напад врз Украина. Зеленски во своето вечерно видеообраќање рече дека во духот на рускиот претседател Владимир Путин е да изврши таков напад „веднаш по Денот на независноста на Америка и пред самитот на НАТО во
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…
Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…
Цените на храната во Европа повторно почнуваат…
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…
Вицепремиерот на Баварија е најден мртов во…
Полицијата во Берлин ја истражува ненадејната смрт…
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…