Бројот загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3.342
Рио Де Жанеиро – Бројот загинати во двата силни земјотреси што пред околу една и пол седмица ја потресоа Венецуела се искачи на 3.342, покажуваат официјалните податоци објавени денеска.
Претседателот на Националното собрание на Венезуела, Хорхе Родригес, соопшти дека околу 16.740 лица се повредени, а повеќе од 17 илјади останале без своите домови.
Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени ја погодија Венецуела на 24 јуни, по што следуваа серија послаби последователни потреси. Меѓу најтешко погодените области е крајбрежната држава Ла Гуаира.
Спасувачките екипи од Венецуела, со поддршка од тимови од повеќе земји, и натаму трагаат по преживеани под урнатините на срушените објекти.
Според властите, уништени се 190 згради, а најмалку 856 претрпеле тешки оштетувања, меѓу кои и неколку болници. Дел од мостовите и патиштата и натаму се целосно непроодни, што дополнително ги отежнува хуманитарните и спасувачките операции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Украина мора да преговара…
Европската комисија, и покрај повиците да ѝ…
Исчезнала млада жена од Куманово
31-годишна жена од Куманово вчеравечер била пријавена…
Меланија Трамп повика на трајно примирје во…
Првата дама на САД, Меланија Трамп, денеска…
Муцунски оствари средба со Варнс: Фокус на…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…
Мелони предупредува: Европа ризикува да остане без…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони предупреди дека Европската…