Објавено на:

Зеленски: Апсурдно е да нема доволно оружје за одбрана од руските ракети, САД и Европа имаат доволно сила да го запрат овој терор

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно предупреди дека Украина нема доволно оружје за одбрана од руските балистички ракети, оценувајќи дека е „апсурдно“ што светското производство не ги задоволува потребите за заштита на населението.

Во своето вечерно видеообраќање, Зеленски изјави дека современиот свет располага со капацитет, но производството на одбранбени системи сè уште не е зголемено до нивото што е потребно.

„Едноставно е апсурдно што производството сè уште не е зголемено до нивото што навистина е потребно за заштита на луѓето од балистички терор“, рече тој.

Зеленски нагласи дека Украина има знаење и капацитет за производство на оружје и дека, доколку добие американски дозволи за системите „Патриот“, ќе може да произведува доволно не само за сопствените потреби туку и за своите сојузници.

Тој повторно предупреди дека Украина нема доволно пресретнувачки ракети за системите „Патриот“, поради што не успева да ги собори сите руски балистички проектили.

„Додека ракетите за системот „Патриот“ стојат во магацините на нашите сојузници, Русија добива отворен повик да продолжи да ги гаѓа станбените згради“, изјави Зеленски.

Во пресрет на Самитот на НАТО во Анкара, украинскиот претседател упати апел до САД и европските партнери да донесат конкретни одлуки за дополнително зајакнување на украинската противвоздушна одбрана.

„САД и Европа имаат доволно сила да го запрат овој терор“, порача Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меланија Трамп повика на трајно примирје во…

Првата дама на САД, Меланија Трамп, денеска…

Муцунски оствари средба со Варнс: Фокус на…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

Мелони предупредува: Европа ризикува да остане без…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони предупреди дека Европската…

МВР: За само пет дена 25 пријави…

Во периодот од 1 до 5 ноември,…

НАРОДНАТА БАНКА СО ДЕТАЛИ ЗА ТРАНСАКЦИИТЕ НА…

Народната банка на Македонија денеска, 5 ноември,…