Силјановска-Давкова од Анкара: Македонскиот јазик мора да се негува и пренесува на идните генерации
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, која престојува во Анкара по повод Самитот на НАТО, се сретна со припадници на македонската заедница во Турција во просториите на македонската амбасада.
На средбата, одржана во пријателска атмосфера, присуствуваа универзитетски професори, лекари, научници и други истакнати професионалци со македонско потекло, како и претседателката на Здружението „Иселениците од Румелија“, Севим Оздемир.
Претседателката истакна дека средбата била можност да ги слушне нивните лични приказни, во кои, како што наведе, се испреплетуваат спомените за родниот крај, грижата за зачувување на македонскиот јазик и стремежот тоа културно наследство да им се пренесе на идните генерации.
Посебно внимание било посветено на иницијативата на проф. д-р Мелахат Парс, раководителка на Катедрата по македонски јазик при Анкарскиот универзитет, за целосно етаблирање на катедрата и отворање Лекторат по македонски јазик во Анкара.
Силјановска-Давкова оцени дека оваа иницијатива претставува природен и стратешки значаен чекор, нагласувајќи дека во земја во која живее бројна заедница со македонско потекло, лекторатот ќе биде важен центар за изучување, негување и афирмација на македонскиот јазик и македонската култура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја принудувал на полови дејствија, ја тепал…
На 05.11.2026 во СВР Куманово, 42-годишна жена…
Петмина тинејџери кривично ќе одговараат за бруталното…
Kривична пријава против петмината малолетници од Скопје…
Радев повторно се пожали дека „проблемите на…
„Европа мора да учествува во преговорите за…
Приведен маж од Кичево, возел автомобил без…
На 11.11.2026 во 21:30 часот на ул.„Магистрален…
Поскапуваат кредитите во Србија – централната банка…
Извршниот одбор на Народната банка на Србија…