Објавено на:

Преку апликација ќе може да се проверува каде има слободни паркинг-места низ Центар

t

Од Општина Центар информираат дека ќе се воведат дигитални решенија и апликации за различни услуги на жителите, а меѓу нив, како една од најважните ќе биде воведување на сензорски системи кои во реално време ќе ја покажуваат пополнетоста и расположливоста на паркинг-местата низ Општината.

„Дигитализацијата е клучна алатка за подобрување на процесот на паркирање. Работиме на нови мобилни апликации преку кои корисниците ќе бидат целосно информирани и ќе можат брзо и лесно да ги користат услугите. Дополнително, се предвидува воведување на сензорски системи кои во реално време ќе ја покажуваат пополнетоста и расположливоста на паркинг-местата. Овој систем ќе им помогне на возачите побрзо да најдат слободно место и ќе го намали непотребното кружно движење низ општината“, рече Герасимовски.

Според општинското соопштение, воведувањето на сензорите ќе се реализира фазно и тие првично ќе бидат поставени во монтажните гаражи, затворените паркиралишта и на најоптоварените локации.

Директорот на ЈП ПОЦ, Душко Коцевски, вели дека со оваа дигитализација ќе стимулираат поголемо користење на онлајн аплицирањето што ќе биде бесплатно, за разлика од досегашниот паушал од 350 денари за склучен договор за паркирање.

„Еднократниот надоместок за склучување договор, кој досега изнесуваше 350 денари, ќе биде бесплатен за сите што ќе аплицираат електронски. Очекуваме значително зголемување на бројот на онлајн корисници и намалување на гужвите на шалтерите“, истакна Коцевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Преку апликација ќе може да се проверува…

Од Општина Центар информираат дека ќе се…

Без струја делови од Карпош, Центар и…

Без електрична енергија денеска ќе останат делови…

За паркинг на второ возило во Центар…

Во услови кога бројот на возила во…

Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава…

Општина Центар ја заврши првата фаза од…

Низ Центар се поставуваат паметни апарати за…

Околу угостителски објекти, високо фреквентни улици и…