Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница согласно законските одредби

t

На денешната седница, Владата ја разгледа и ја усвои информацијата доставена од Министерството за локална самоуправа во врска со настапување на законски основ за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница.

Министерството за локална самоуправа, по претходно добиено известување од претседателот на Советот на Општина Брвеница, ја започна постапката поради настапување на законски предвидена околност што доведува до предвремен престанок на мандатот на градоначалникот по сила на закон.

Согласно Законот за локалната самоуправа, Министерството е должно во рок од 15 дена од приемот на известувањето да ја информира Владата за настапувањето на овој законски основ, по што Владата, во рок од 30 дена, ја започнува постапката за распишување на нови избори за градоначалник.

Во таа насока, сакаме да ја информираме јавноста согласно запазените законски предвидени рокови, Владата ја усвои информацијата и донесе Одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница, со што се создаваат законските предуслови за спроведување на понатамошната постапка согласно важечките прописи и важечки рокови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата донесе одлука за престанок на мандатот…

На денешната седница, Владата ја разгледа и…

Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се одлучува…

Промените што ќе ги донесе реконструкцијата на…

СДСМ: Две години Влада на Мицкоски –…

Соопштение на СДСМ Навршуваат две години од…

Мицкоски: Владата ќе реагира ако маркетите не…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска во…

Реконструкцијата на Владата ќе биде пред пратениците…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за…