Сателитска снимка од Охридското и Преспанското Езеро

t

Европскиот сателит Sentinel-2 во рамките на програмата „Коперникус“, додека поминувал над Грција, ги снимил Охридското и двете преспански езера, а снимките со висока резолуција ги објави грчкиот портал „Метео“ на Националната опсерваторија.

Од „Метео“ информираа дека на сателитската снимка се Големото Преспанско Езеро и Малото Преспанско Езеро, „кои се разделени со тесен копнен појас“.

– Големото Преспанско Езеро е најголемото природно езеро што делумно се наоѓа во Грција, а неговите води се распределени меѓу Грција (околу 22 отсто), Албанија (околу 18 проценти) и Северна Македонија (околу 60 отсто). На снимката се забележува и Охридското Езеро, што се наоѓа на границата меѓу Албанија и Северна Македонија. Нијансите на водата се должат главно на различната длабочина и на составот на езерското дно – информираа од „Метео“.

Сателитската снимка била направена минатиот понеделник на 29 јуни 2026 година при прелетот на сателитот над Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев повторно се пожали дека „проблемите на…

„Европа мора да учествува во преговорите за…

Приведен маж од Кичево, возел автомобил без…

На 11.11.2026 во 21:30 часот на ул.„Магистрален…

Поскапуваат кредитите во Србија – централната банка…

Извршниот одбор на Народната банка на Србија…

Затвор за лажни вести што ќе го…

Со новиот Кривичен законик, кој е испратен…

Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…

Средба на претставници на САД, Русија, Украина…