Претседателката на самитот на НАТО: Обединета Европа значи посилна Европа

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствува на самитот на Северноатлантскиот совет, кој се одржува на ниво на шефови на држави и влади во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во Анкара.

Во своето обраќање пред медиумите, таа истакна дека иднината на Европа треба да се темели на единство, мир и демократски вредности.

„Мотото ‘Посилна Европа – Посилно НАТО’ за мене значи дека проширена и обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилна е Европа која живее во мир и демократија, заснована на принципи и вредности“, порача претседателката.

Во рамки на самитот, Сиљановска-Давкова ќе има свое обраќање пред лидерите на 32-те земји членки на Алијансата.

Претходната вечер, таа присуствуваше на прием што го организираше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. По средбата, претседателката соопшти дека со државните и владините претставници разговарале за идните безбедносни предизвици, за зајакнувањето на колективната одбрана и за понатамошното унапредување на трансатлантската соработка.

Во состав на македонската делегација се и министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Главните теми на самитот се зајакнувањето на безбедноста на Алијансата, поголемите вложувања во одбраната, развојот на одбранбената индустрија и натамошната поддршка за Украина. За време на посетата на Анкара, претседателката ќе одржи и повеќе билатерални средби со претставници на земјите членки на НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката на самитот на НАТО: Обединета Европа…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствува на самитот…

Кос: Македонија постигна силен напредок во рамките…

Македонија постигна силен напредок во рамките на…

Трамп: Примирјето е завршено

Новинарите во Анкара го замолија американскиот претседател…

Даниела Димовска е избрана за претседателка на…

Со 11 гласа „за“, Судскиот совет ја…