Објавено на:

Општина Чаир без Бадентерово мнозинство смени имиња на две улици, ќе ги нарекува по борци на ОНА

t

Советот на Општина Чаир едногласно, но без законски неопходното Бадентерово мнозинство, донела одлука две улици во општината да носат имиња на борци на ОНА — „Командант Тели“ и „Зеќирија Хасани“, објави „24инфо“.

Според порталот, одлуката е изгласана во спротивност на законските обврски произлезени од Охридскиот договор, кои налагаат за прашањата кои ги засегаат меѓуетничките односи, одлуките да се носат со мнозинство од гласовите на советниците-припадници на немнозинските етнички заедници во општината.

Ова доаѓа откако Уставниот суд минатиот месец ја укина одлуката на Советот на Општина Тетово од 2007 година, со која беа преименувани повеќе улици и објекти во градот. Тогашниот општински Совет не ја консултирал Владата за преименувањето, што исто така е законска обврска, како што образложи Уставниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Опожарени три возила во Чаир

На 25.06.2026 околу 02:20 часот во СВР…

Арсовска прашува: Каде е обвинението против Ганиу…

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска,…

ДУИ: Компанија основана во 2024 година добила…

Соопштение на ДУИ: Корупцијата во Чаир станува…

Чаир ќе поставува подземни контејнери

Општина Чаир наскоро ќе добие подземни контејнери…

(Видео) Град Скопје не успеа да го…

Екипите на Град Скопје не успеаја во…