Почина истакнат македонски професор и филозоф
Македонската академска заедница остана без едно од своите препознатливи имиња. Почина д-р Денко Скаловски, редовен професор во пензија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Веста за неговата смрт ја соопшти Филозофскиот факултет, од каде изразија искрено сочувство до неговото семејство, колегите, пријателите, студентите и сите што имале можност да соработуваат со него.
Денко Скаловски е роден во 1956 година во Скопје. Своето образование го започнал на студиите по театарска режија во Белград, а потоа се посветил на филозофијата. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје во 1981 година, магистрирал во 1992 година, а докторирал во 2000 година.
Во текот на својата академска кариера напредувал од доцент до редовен професор, а во 2010 и 2015 година престојувал на постдокторски студии на Универзитетот „Јохан Волфганг Гете“ во Франкфурт, каде работел под менторство на професорот Аксел Хонет.
Неговите научни интереси опфаќаа повеќе области, меѓу кои филозофијата, естетиката, филозофијата на културата, филозофијата на родот, историјата на родот и полот, како и социологијата на спортот.
Телото на професорот Скаловски ќе биде изложено на 9 јули во капелата во Ѓорче Петров од 12:00 до 13:00 часот, по што ќе се одржи погребната церемонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина истакнат македонски професор и филозоф
Македонската академска заедница остана без едно од…
Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како…
Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска, по учеството…
Шекеринска: Македонија мора да го искористи кредибилитетот…
Кредибилитетот што Северна Македонија го изгради како…
Повеќе од 200.000 лажни кондоми откриени во…
Лажно декларирани како играчки, повеќе од 200.000…
Без вода и без струја утре повеќе…
Без вода утре од 8:30 часот до…