Муцунски: Имавме историски Самит во Анкара, донесени се одлуки што ќе го зајакнат НАТО

t

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски како историски го оцени Самитот на НАТО во Анкара, наведувајќи во објава на социјалните мрежи дека на него земјите членки донеле одлуки што дополнително ќе ја зајакнат Алијансата, и сега и во иднина.

Муцунски, кој заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски ја сочинуваат македонската делегација на Самитот, предводена од претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, наведува дека пораката од Анкара е јасна.

„НАТО испорачува резултати. Ја потврдивме заедничката определба за поголеми инвестиции во одбраната, понатамошно јакнење на одбранбените капацитети, поправедна распределба на одговорностите меѓу сојузниците и континуирана поддршка за Украина“,

напиша Муцунски.
Тој додава дека на маргините на Самитот се сретнал со повеќе колеги од земјите членки на НАТО, како и со високи претставници на земјите сојузници и партнери, со кои разговарале за билатералните односи, соработката во рамките на Алијансата и актуелните регионални и глобални безбедносни предизвици.

„Како посветен и кредибилен сојузник, продолжуваме активно да придонесуваме кон зајакнувањето на колективната безбедност, стабилноста и единството“,

Во фокусот на средбата со холандскиот министер, рече Муцунски, биле билатералните односи меѓу двете земји, и соработката во рамките на НАТО, но со Берендсен разговарале и за прашања поврзани со европската интеграција. Шефот на дипломатијата Муцунски во тој контекст наведе дека Холандија е земја која својот фокус го става на прашањата поврзани со внатрешните реформи во земјите кандидатки за членство во Европската Унија.

„Исто така издвоивме време да зборуваме и за некои инвестициски проекти за кои веќе двете држави дискутираат. Се надеваме дека во скорешен период ќе можеме да ги претставиме и пред јавноста“, изјави Муцунски.подвлекува министерот за надворешни работи и надворешна трговија на крајот на објавата.

Муцунски на заедничката прес-конференција со претседателката Сиљановска-Давкова и министерот Мисајловски вчера изјави дека во рамките на Самитот во Анакара присуствувал на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од НАТО и потписничките на Истанбулската конвенција и дека остварил средби со претставници од земјите од Арапскиот Залив во чиј фокус биле состојбите поврзани со конфликтот со Иран, но и севкупната политичка, безбедносна и економско-социјална слика во Европа и во светот.

Шефот на македонската дипломатија учествувал и на проширениот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од НАТО и Украина, на кој присуствувала и високата претставничка на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика, Каја Калас. Средба имал и со холандскиот министер за надворешни работи Том Берендсен.

Осврнувајќи се на главните пораки од Самитот, претседателката на Републиката, Сиљановска-Давкова, изјави дека Македонија е потврдена како докажан, кредибилен и одговорен партнер на кој НАТО може да смета. Таа додаде дека на Самитот се почувствувало силно единство меѓу лидерите, вклучително и од американскиот претседател Доналд Трамп, за спроведување на задачите поставени уште во Хаг.

Претседателката ја поздрави и пораката на Трамп дека европските држави мора да го преземат својот товар од одбраната и посочи дека речиси сите земји веќе тргнале по таа патека на „себегарантирање“.

Цитирајќи ја мислата на Кемал Ататурк – „Ако има дома мир, ќе има и надвор мир“, Сиљановска-Давкова подвлече дека силата на Европа е во нејзината способност со мирни средства да посегне по реформи или да промовира демократија заснована на основните принципи и вредности.

Од Кабинетот на претседателката информираат дека на маргините на Самитот таа остварила средби со регионалните лидери, меѓу кои и со бугарскиот премиер Румен Радев, средба на која присуствувал и претседателот на Европскиот совет, Антониот Кошта. Претседателката имала и подолга средба со унгарскиот премиер Петер Маѓар, кој најавил позасилена поддршка за Западен Балкан и намера за регионална турнеја.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски изјави дека Македонија добила големи пофалби од многубројни држави како земја која, и покрај својата големина во споредба со другите членки, дава исклучително значаен придонес во процесите на Алијансата.

Говорејќи за финансирањето на одбраната, Мисајловски рече дека Македонија веќе одвојува околу четири проценти од бруто-домашниот производ (БДП) за одбрана и сродни трошоци. Со тоа, рече, државата активно придонесува кон заедничката цел на НАТО за достигнување на прагот од пет проценти до 2035 година.

„Многу е важна пораката што ја имаме од сите европски земји дека имаме заедничката безбедносна и одбранбена политика и дека треба да припаднеме таму, тоа е одлична порака која заеднички треба да ја споделуваме и го правиме тоа и затоа ако во рамките на НАТО сме семејство на исто ниво, тоа треба да важи и за Европската Унија“, оцени министерот за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски: Имавме историски Самит во Анкара, донесени…

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски како…

Директорот на Царина: Во тек е истрага…

Директорот на Царина, Бобан Николовски, вели дека…

Функционерите на ВЛЕН оделе на протест против…

Одлуката на албанските власти да спречат влезот…

МФ: Нови правила за подарувања со Законот…

– Задолжителна дозвола за организирање подарувања (giveaway),…

ДЗР со ревизија на АВРМ: Нерамномерна распределба…

За активните мерки за вработување во 2024…