(Видео) Полицаец заработи кривична за кривично дело „предизвикување општа опасност“
Полициски службеник од Полициската станица за граничен надзор Чашка е кривично пријавен и суспендиран откако, според Министерството за внатрешни работи, испукал повеќе истрели од огнено оружје за време на семејна прослава, со што го загрозил животот и безбедноста на присутните.
Од МВР соопштија дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – специјализираното одделение за кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднел кривична пријава против З.Р.
Полицискиот службеник се сомничи за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Според информациите, инцидентот се случил на 22 мај 2026 година во дворот на неговата семејна куќа, каде за време на семејна прослава, во присуство на поголем број гости, испукал повеќе истрели од огнено оружје.
Од МВР наведуваат дека со таквото постапување предизвикал опасност за животот и телото на присутните лица.
Покрај кривичната пријава, против полицискиот службеник ќе биде поведена и дисциплинска постапка за утврдување одговорност поради кршење на работниот ред и дисциплина. До нејзиното завршување, ќе биде отстранет од работното место, односно ќе биде суспендиран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Полицаец заработи кривична за кривично дело…
Полициски службеник од Полициската станица за граничен…
ЕУ го одложува ЕТИАС системот за патување
Европската унија го одложува воведувањето на новиот…
Иран лансираше ракети врз Јордан
Иран денеска лансира ракети кон Јордан, но…
Гаши бара разјаснување за случајот со пратениците…
Претседателот на Собранието Африм Гаши реагираше по…
Се враќа мерката „Чат контрол“: Масовно ќе…
Европскиот парламент повторно ја одобри привремената мерка…