Лекот Фостер од 1 август ќе биде достапен со партиципација од 280 денари, но прво треба да се потрошат старите залихи во аптеките
Лекот Фостер од први август ќе биде достапен без доплата, со партиципација од 280 денари. Но, оваа цена ќе важи откако ќе се потрошат веќе постојните количини на лекот во аптеките чија цена сега е 1.081 денар.
Во меѓувреме од Фондот за здравство тврдат дека замената на Фостер, „блоцета“ е веќе достапна во аптеките без доплата.
По ставањето на нови лекови на позитивната листа, дел од граѓаните поднеле претставки до Фондот за некои од аптеките кои не им ги давале лековите со рецепт туку само на приватно. Директорот на Фондот рече дека токму поради тоа, од 8 јули се почнати и контроли во аптеките.
Клековски тврди дека преку воведување на нови лекови на позитивната листа, но и конкуренција преку генерички лекови очекува да се влијае врз намалување на цените.
Претходно проблем имаше и со издавањето клексани кои од први јули се ставени на позитивната листа – за што фондот најави дека системот за рефундација ќе остане да важи до 15 јули.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Русија се обидува да…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Се бара укинување на ветото во ЕУ,…
11 земји членки на Европската Унија побарале…
Кипар со најголем пад на туризмот во…
Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…
Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…
Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…
Нападнат работник на „Градски паркинг“ на паркиралиште…
Вчера во 23:50 часот во СВР Скопје,…