Во студентски дом ќе може да престојуваат само студенти до 30 – построги услови со предложените законски измени
Во Собранието се доставени измени на Законот за студентски стандард со кои се заоструваат условите за сместување во државните студентски домови и се утврдува горна старосна граница од 30 години за добивање и користење на место во дом.
Предлог-измените предвидуваат изрекување воспитни мерки и забрани за престој при прекршување на домскиот ред, како што се:
пушење во собите,
внесување и употреба на алкохол,
оштетување инвентар,
пуштање гласна музика и
неуредно одржување на хигиената.
За потешки повреди може да се изрече забрана за користење на услугите на студентските домови на целата територија на државата во траење од една до пет години. Такви повреди се, меѓу другото, внесување и употреба на алкохол во собите, отстапување на соба на друго лице со остварување материјална корист и нередовно плаќање станарина.
Во измените се предвидени санкции и за:
ненавремено пријавување дефекти на уредите што можат да предизвикаат материјална штета,
внесување и употреба на наркотични средства,
непочитување прописи за заштита од болести,
пожар и експлозија,
штетно дејствување на отрови и други опасни материи,
прекршување на прописите за заштита на животната средина.
Забрани ќе следат и за навредливо, заканувачко, агресивно или насилничко однесување, физичко или психичко малтретирање, вознемирување, дискриминација и друго недолично постапување, при што во предлогот се наведуваат и дополнителни прекршувања.
Измените на Законот за студентски стандард, поднесени пред три дена, се со потпис на четири пратенички од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германските истражители идентификувале осомничени за нападот со…
Германските истражители идентификувале двајца мажи кои се…
Односите меѓу Москва и Берлин се на…
Некогашните односи за пример меѓу Русија и…
Големо невреме со град и силен ветер…
Силно невреме проследено со интензивен пороен дожд,…
Трамп предлага Ормутскиот Теснец да се преименува…
Американскиот претседател Доналд Трамп предложи Ормутскиот Теснец…
Вучиќ го одложи митингот на СНС во…
Српскиот претседател Александар Вучиќ го одложи митингот…