Објавено на:

Одржан 40. антивладин протест во Тирана, демонстрантите револтирани и за издвоените 4 милиони евра за концертот на Вест, протест и пред министерството за културас

t

– Расте незадоволството кон владата на премиерот Еди Рама, чија итна оставка демонстрантите побараа и на синоќешниот 40. по ред протест во Тирана, на кој изразија револт и за издвојувањето 4 милиони евра од државниот буџет за концертот на американскиот рапер Канје Вест, што ќе се одржи утре во Тирана.

-Иако на земјата ѝ е потребна заштита на животната средина од пожари, на болниците лекови, а на универзитетите научни истражувања, ниту едно од овие не е приоритет за албанската влада. Концертот на Вест, чии настапи ова лето беа забранети во неколку европски земји бидејќи тој го велича нацистичкиот лидер од Втората светска војна, Адолф Хитлер е приоритет за Министерството за култура, туризам и спорт, рекоа дел од говорниците на протестот пред владата.

Демонстрантите, кои од пред владата продолжија со маршот низ улиците на Тирана, до околу полноќ, нагласија дека нема да го напуштат плоштадот без оставка на политичарите, а најавија сенационален протест во утре, 11 јули.

Во меѓувреме незадоволство пред Министерството за култура, туризам и спорт, искажа и грпа уметници и активнисти порачувајќи дека „Во Тирана не сакаме пејач обвинет за антисемитизам“, а поставија и транспаренти со натписи „Министерство за забави“, „Министерство на срамот“.

-Во време кога албанските културни институции со години страдаат од недостаток на инвестиции, локалните уметници остануваат меѓу најмалку поддржаните во регионот, земјата се соочува со низа вонредни состојби и јавни потреби, владата одлучила да го финансира концертот на уметник кој неодамна го поддржа нацизмот, антисемитизмот и оправданото ропство, порачаа тие.

Издвојувањето средства од резервите на државниот буџет наиде на осуда и од опозицијата и граѓанскиот сектор, по што премиер Еди Рама изјави дека четирите милиони евра кои државата ги платила за концертот на Вест биле „вложување“ за да се избегне срамот за Албанија доколку концертот се откаже.

-Во последен момент издвоивме четири милиони евра за да избегнеме срамота за Албанија пред очите на речиси 25.000 странски посетители од 80 земји, кои веќе купија билети за да го видат Вест, додека многумина стравуваат дека настапот би можел да биде откажан, рече Рама во поткаст, додавајќи дека токму овој концерт на албанскиот бизнис ќе му донесе најмалку 100 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одржан 40. антивладин протест во Тирана, демонстрантите…

– Расте незадоволството кон владата на премиерот…

Грчката полиција уапси три лица поврзани со…

Грчката антитерористичка полиција уапси три лица во…

Во студентски дом ќе може да престојуваат…

Во Собранието се доставени измени на Законот…

(Фото) Брука! Некој ги полеал со моторно…

Непознати деликвенти вчеравечер истуриле моторно масло врз…

Нема терапија за пациентите со рак на…

На Онкологија нема блокатори на тестостерон, велат…