Седум лица приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие
На 10.07.2026 во 01:20 часот во ПС Гостивар, 41-годишен маж од Гостивар пријави дека во дворот на семејната куќа бил физички нападнат од неговата 37-годишна сопруга, со која се во бракоразводна постапка. Пријавената е лишена од слобода и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.07.2026 во 13:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода 53 -годишен прилепчанец, бидејќи физички ја нападнал неговата сопруга. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 10.07.2026 во 01:40 часот во СВР Скопје 71-годишен маж пријави дека на 09.07.2026 околу 19:00 часот во домот на подрачјето на Центар тој и неговата ќерка биле физички нападнати од неговиот син А.М., при што тој оштетил и дел од покуќнината. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.07.2026 во 20:45 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишија од слобода 34-годишната З.М. од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека дошла во домот на нејзиниот 53-годишен невенчан сопруг, му се заканувала и оштетила предмети. Таа била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.07.2026 во 13:00 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.П.(35) од село во неготинско. Според пријавеното, тој во филијала на банка во Неготино и се заканувал на неговата 66-годишна мајка. Исто така, тој физички нападнал полициски службеници, кои вршеле службени дејствија. И.П. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, по што И.П. бил спроведен во здравствена установа. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.07.2026 во 20:00 часот во СВР Куманово извршен е службен разговор со Н.Б.(40) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 27-годишна вонбрачна сопруга, дека во семејниот дом и упатил закани по нејзиниот и животот на нејзиното семејство. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 10.07.2026 во 00:30 часот, во ОВР Дебар од слобода е лишен О.Б.(33) од село во дебарско, по претходна пријава дека тој физички ја нападнал неговата поранешна сопруга и нејзината мајка. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.07.2026 во 23:30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.С.(26) од Штип, по претходна пријава дека околу 12:00 часот во неговиот дом физички ја нападнал неговата 20-годишна девојка, а притоа и упатувал закани со остар предмет. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.07.2026 во 18:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода О.Р.(23) од Штип, по претходна пријава дека околу 17:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 24-годишна вонбрачна партнерка. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Седум лица приведени за семејно насилство во…
На 10.07.2026 во 01:20 часот во ПС…
Трамп: Иран побара продолжување на преговорите, но…
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Иран…
Ако студент внесе пиво во студентски дом…
Построги правила за студентите кои престојуваат во…
Обновена билатералната соработка меѓу уставните судови на…
Делегација на Уставниот суд на Република Северна…
Се проширува истрагата за ботоксите
Во рамките на истражната постапка што ја…