Објавено на:

Млад маж е уапсен за убиство на поранешната британска министерка

t

Британската полиција соопшти дека уапсила 26-годишен маж под сомнение дека е поврзан со убиството на поранешната британска министерка и пратеничка Ен Видикомб (78), која вчера беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во Девон. Случајот засега не се третира како тероризам, пренесува Би-би-си.

На прашањето на „Скај њуз“ дали има индикации дека нападот врз поранешната министерка бил политички мотивиран, помошникот началник на полицијата Мет Лонгман одговори дека засега нема такви сознанија.

„Во оваа фаза од истрагата, немам информации што би укажувале дека станува збор за политички мотивирано кривично дело“, рече тој.

Лонгман, исто така, изјави дека осомничениот е уапсен на адреса во Њутн Абот под сомнение за убиството на Видикомб, пренесува Би-Би-Си.

„Можеме да потврдиме дека 26-годишен маж е уапсен попладнево на адреса во Њутн Абот под сомнение за убиството на Ен Видикомб. Осомничениот, бел британски државјанин, останува во полициски притвор во исчекување на истрагата“, рече Лонгман.

Тој додаде дека случајот не се третира како терористички инцидент, по консултациите со антитерористичките единици како дел од почетната фаза од истрагата.

Полицијата сè уште не утврдила дали осомничениот имал каква било врска со жртвата.

Видикомб „претрпе сериозни повреди“ и беше пронајдена мртва вчера во Хејтор, на работ на Националниот парк Дартмур, соопшти полицијата на Девон и Корнвол, додавајќи дека осомничениот што се бара е „белец“.

Министерката за внатрешни работи Шабана Махмуд рече дека околностите на нејзината смрт се „крајно вознемирувачки“.

Видикомб беше британска конзервативна пратеничка и извесно време беше министерка задолжена за затворскиот систем на Велика Британија. Таа се здоби со слава кога го напушти парламентот и стана учесничка во реално шоу.

Подоцна, таа се приклучи на партијата Брегзит, се залагаше за излез на Велика Британија од Европската Унија, а подоцна стана и портпаролка на партијата „Реформа на Велика Британија“ на Најџел Фараж.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млад маж е уапсен за убиство на…

Британската полиција соопшти дека уапсила 26-годишен маж…

ВЛЕН: ДУИ во паника – се моли…

Денешното соопштение на ДУИ е јасен доказ…

(Видео) Анти-НАТО протести во Љубљана: Демонстрантите ја…

Демонстрантите во Љубљана повикаа на излегување на…

Трамп оставил инструкции како САД да одговори…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за…

Челниците на украинскиот спорт ја осудија денеска…