Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот – Објавена фотографија од Србинот кој висеше од авион на „Рајанер“
Фотографија од 61-годишниот српски државјанин кој за малку ќе го загубел животот за време на летот на авиокомпанијата „Рајанер“ е објавена во грчките медиуми. Мажот, чие име сè уште не е соопштено, се наоѓа во болница во Солун, каде се опоравува од повредите и шокот по драматичниот инцидент.
Несреќата се случила на летот на релација Солун – Минхен, кога за време на летот дошло до пукање на прозорец во кабината. Српскиот патник седел до прозорецот, а поради наглата декомпресија, половина од неговото тело било извлечено надвор од авионот.
Неговиот живот бил спасен благодарение на брзата реакција на сопругата, која веднаш го фатила и го држела додека авионот сè уште бил во воздух. Во помош пристигнале и друга сопатничка и уште еден патник.
Сопругата на повредениот патник во интервју за грчката телевизија „Мега“ ги опишала драматичните моменти во авионот.
„Летавме веќе 30 до 40 минути кога одеднаш пукна прозорецот. Мојот сопруг седеше до прозорецот. Сè се случи во дел од секунда. Поради разликата во притисокот, половина од неговото тело заврши надвор. Сè леташе низ кабината. Паднаа маските за кислород, а никој не знаеше што да прави. Сите плачеа“, раскажала таа.
Од Генералниот конзулат на Србија во Солун информирале дека лекарите го следат здравјето на повредениот државјанин и дека тој не е животно загрозен.
„Генералниот конзул на Република Србија во Солун, Јелена Вујиќ-Обрадовиќ, веднаш по сознанието за инцидентот го посетила повредениот државјанин во болницата и разговарала со управата на здравствената установа и надлежните лекари, како и со сопругата на повредениот“, соопштија од конзулатот.
Иако авионот на „Рајанер“ со сериозно оштетен десен мотор и скршен прозорец безбедно слетал во Солун, истрагата за инцидентот ја водат македонските надлежни органи, бидејќи настанот се случил во македонскиот воздушен простор, објави Aero.rs.
Според правилата на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИЦАО) и Анекс 13, истрагата ја води државата над чија територија или воздушен простор се случил сериозниот инцидент.
Во истрагата ќе бидат вклучени експерти од повеќе држави. Грција ќе учествува бидејќи авионот се наоѓа во Солун, каде ќе се вршат детални технички проверки на моторот, оштетениот прозорец, трупот и податоците од летот.
Малта ќе биде вклучена како држава на регистрација на авионот и држава на операторот, бидејќи летот го извршувала „Малта Ер“, компанија од групацијата „Рајанер“.
САД, преку Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ), ќе обезбедат техничка поддршка бидејќи станува збор за авион „Боинг 737“, произведен во САД. Во анализата ќе учествуваат и производителот „Боинг“ и компанијата „ЦФМ Интернешнл“, која го произведува моторот.
Ќе се анализираат сите детали од летот
Истражителите треба да утврдат што точно се случило за време на летот – дали прво дошло до дефект на моторот, кој дел се одвоил, како дошло до оштетување на авионот и поради што се скршил прозорецот во патничката кабина.
Ќе бидат анализирани податоците од црните кутии, разговорите во пилотската кабина, документацијата за одржување на авионот и моторот, како и сите пронајдени делови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Авион полн со патници нагло се спуштил…
Пет лица се повредени откако патнички авион…
Аларм за бомба врати „Боинг“ назад во…
Патнички авион на лет од САД кон…
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…