Со слоганот „Преродба на Франција“ и со електронска алка, Марин Ле Пен ја почнува претседателската кампања
Лидерката на француската десничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен иако со електронска алка поради пресудата, сепак ја започнува кампањата за претседателските избори во 2027 година под слоганот „Преродба на Франција“. Таа изјави дека нејзината визија е обнова на индустријата, здравството, образованието, безбедноста и суверенитетот на Франција.
Ле Пен порача дека земјата мора повторно да воспостави целосна контрола врз своите граници и ги критикуваше центристичките партии, оценувајќи дека тие ќе ги продолжат политиките на претседателот Емануел Макрон. Таа нагласи дека ќе се кандидира сѐ додека законски има право на тоа и дека нема да дозволи, како што рече, претседателските избори да му бидат одземени на францускиот народ.
Ле Пен оцени дека одлуката на Апелациониот суд претставува победа за демократскиот процес и овозможува кампањата да се насочи кон политичките теми наместо кон судските постапки. Таа најави дека ќе соработува со претседателот на Национален собир, Жордан Бардел, во промовирањето на програмата за „ренесанса“ на Франција.
Инаку, неодамна Апелациониот суд во Париз ја намали забраната за вршење јавни функции, со што ѝ овозможи да се кандидира на претседателските избори. Ле Пен порача дека сака да се затвори поглавјето со судскиот процес и дебатата да се насочи кон иднината на Франција.
Претседателските избори во Франција се закажани за 18 април и 2 мај 2027 година. Според најавите, претстојната изборна кампања се очекува да биде една од најнеизвесните во последните години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тепачка во казино во Струга
На 25.10.2026 во 15:25 часот во ОВР…
АХВ заплени и уништи 470 килограми месни…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), минатата…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
Радев со застрашувачки изјави: Во вториот круг…
Изборите се многу тревожен сигнал за целото…
Честитки за победата и успех во исполнувањето…
Министерот за надворешни работи додава дека земјава…