Честитки за победата и успех во исполнувањето на очекувањата на граѓаните – ѝ посака Муцунски на Студентската листа
Министерот за надворешни работи додава дека земјава останува силно посветена на натамошното продлабочување на пријателството и добрососедските односи, во интерес на заедничката иднина и просперитетот на целиот регион.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски им честита на претставниците на Студентската листа за победата на вчерашните предвремени парламентарни избори во Србија и им посака многу успех во, како што вели, преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните.
„Искрени честитки до граѓаните на за успешно спроведените парламентарни избори, а особено до победниците за постигнатиот изборен успех! На претставниците на Студентската листа им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните“напиша Муцунски во објава на социјалните мрежи.
Министерот додава дека земјава останува силно посветена на натамошното продлабочување на пријателството и добрососедските односи, во интерес на заедничката иднина и просперитетот на целиот регион.
Европските и регионалните лидери ѝ честитаа на Студентската листа за победата во Србија: Поддршка за реформите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жерновски до Муцунски: Изјава како да си…
Поранешниот заменик-министер за надворешни работи Андреј Жерновски…
СДСМ: После свадба тапани е реакцијата на…
После свадба тапани, се реакциите на кабинетот…
Муцунски ќе одлучува дали членовите на Антикорупциска…
Членовите на Државната комисија за спречување корупција…
(Фото) Левица прашува дали директорката на „Лазо…
ДАЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ООУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ВРШИ…
Муцунски: Кадровски промени во ВМРО-ДПМНЕ се симбол…
Овие кадровски промени кои што вчера се…