Објавено на:

Унгарија нема да и испраќа оружје на Украина

t

Потпретседателката на унгарската влада и министерка за надворешни работи Анита Орбан изјави дека Унгарија нема да ја менува својата политика кон војната во Украина и оти нема да испрати оружје за Киев.

– Нашата политика по ова прашање останува непроменета. Унгарските гласачи ни дадоа мандат да не испраќаме оружје, туку да помагаме на други начини, со хуманитарна помош и санкции, истакна Орбан во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

Таа нагласи дека едно од клучните прашања во унгарско-украинските односи е положбата на унгарското малцинство во украинскиот регион Закарпатија, нагласувајќи дека Будимпешта го поддржува пристапувањето на Украина во Европска Унија исклучиво врз основа на исполнување на критериумите.

– Ние го поддржуваме членството врз основа на заслуги, во согласност со методологијата за пристапување во ЕУ. Секоја земја мора да го следи истиот пат и да ги исполнува истите критериуми, што е прашање на кредибилитетот на ЕУ, посочи Орбан.

Таа се осврна и на односите со Русија, при тоа истакнувајќи оти Унгарија поради географската положба, големина и влијание останува важен фактор во Европа.

– Сакаме многу прагматичен однос со Москва, помеѓу суверени држави, наведе Орбан.

Додека за внатрешната политика, Орбан посочи дека по промената на власта, Унгарија е „повторно во Европа“. Таа ги отфрли критиките од опозицијата и организациите за човекови права за наводен притисок врз институциите и уставните измени, потенцирајќи оти владата „гради општество засновано на владеењето на правото преку владеењето на правото“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белата куќа на сајтот објави видео-игри, во…

Белата куќа на својот официјален сајт претстави…

Русија произвела само 14 борбени авиони од…

Во првите осум месеци од 2026 година,…

Кадиров повторно се заканува со освојување на…

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно даде остри…

(Видео) Од 2030-та од Богородица до Солун…

На патниот правец од граничниот премин Евзони…

Грција наскоро ќе произведува 15.000 воени дронови…

Грчките државни воени фабрики наскоро ќе можат…