Сончево и жешко низ цела Македонија – Од утре пресврт со времето
Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието и во источните делови повремено ќе биде засилен.
Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 30 до 36 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од 17 степени во утринските часови до максимални 35 степени во текот на денот.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Од среда попладне се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во одделни делови од земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Тајкунот Богољуб Кариќ ќе се кандидира за…
Извршниот комитет на Движењето за силата на…