Кошта: Проширувањето на ЕУ е најважна геополитичка инвестиција
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по состанок во Париз на Коалицијата на подготвените, изјави дека проширувањето на Европска Унија кон Украина, Молдавија и Западен Балкан е најважна геополитичка инвестиција.
– ЕУ е целосно обединета во својата стратегија за мир преку својата моќ – зајакнување на поддршката на Украина, зголемување на притисокот врз Русија и подготовка на патот кон праведен и траен мир, објави Кошта на платформата Икс.
Тој и му се заблагодари на претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој беше домаќин на состанокот на Коалицијата на подготвените за унапредување на поддршката за Украина.
– Проширувањето е клучна безбедносна гаранција – треба да го продолжиме и забрзаме овој процес. Проширувањето останува најважната геополитичка инвестиција, со Украина, Молдавија и Западен Балкан, посочи Кошта.
Утре во Брисел ќе се одржат Меѓувладини конференции за пристапување во ЕУ со четири земји-кандидатки: Црна Гора ќе затвори уште две поглавја, со што бројот на затворени поглавја ќе се зголеми на 18 од вкупно 33, Албанија ќе ги затвори првите три поглавја, а Украина и Молдавија ќе ги отворат преговорите во кластерот 6.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стотици луѓе на улиците во Атина поради…
Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…
(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…
Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…
На Арон Орбан му е одреден едномесечен…
Унгарското судство одреди едномесечен притвор за Арон…
Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026…
Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина…
Цената на електричната енергија за домаќинствата во…