Објавено на:

Унгарија: Претседателот Суљок разрешен од функцијата

t

Унгарскиот премиер Петер Маѓар ја започна парламентарната седница со свечени, но и провокативни зборови насочени кон поранешната влада на Фидес. „Денешниот ден е значаен за историјата на Унгарија и за промената на системот“, изјави Маѓар.

„Денеска унгарскиот парламент одлучува за 17-тата измена на Уставот. Одлучува дали ќе ставиме крај на епохата во која неуспешната партија Фидес го претвори Уставот во сопствено средство за владеење. Станува збор за тоа дали унгарската држава и понатаму треба да ги штити оние кои го штитеа системот на Орбан.“ Маѓар додаде дека на парламентарната дебата требало да присуствува и претседателот Тамаш Суљок.

„Тој можеше да ги брани своите одлуки пред претставниците на унгарскиот народ и да даде отчет за тоа дали во текот на својот краток мандат ѝ служел на унгарската нација или не“, рече унгарскиот премиер.

Само извршител на волјата на Орбан?

Петер Маѓар и неговата проевропска, конзервативна партија Тиса се убедени дека претседателот Суљок. не ѝ служел на унгарската нација. Според нив, тој бил само извршител на волјата на Виктор Орбан и никогаш не презел ништо против неговиот авторитарен и корумпиран систем на владеење, ниту пак ја заштитил правната држава во Унгарија. 

Маѓар повеќепати го повика Суљок да поднесе оставка, но претседателот тоа го одби. Сега партијата Тиса, користејќи го своето двотретинско мнозинство во парламентот, усвои уставна измена со која се предвидува Суљок. веднаш да биде отстранет од функцијата.

Суљок. најавува отпор

Суљок. веќе најави дека нема да ја прифати оваа одлука. Во интервју за швајцарскиот деснопопулистички магазин Велтвохе тој изјави дека разрешување на претседател од страна на парламентот не е исправна постапка.

„Претседателот на државата нема политичка моќ и не е дел од извршната власт. Поради тоа, не може политички да биде повикан на одговорност“, изјави Суљок. Тој додаде дека политичките одлуки ги носи парламентарното мнозинство, додека улогата на претседателот е да им обезбеди легитимитет.

Според Суљок., Уставот предвидува претседателот да соработува со парламентот и со владата, а тоа важи и во обратна насока. „Таквата соработка ја понудив уште од самиот почеток и ќе продолжам да се залагам за неа“, рече тој.

Суљок. смета дека разрешување на претседателот исклучиво од политички причини би било преседан и „опасност за уставниот и демократскиот поредок“.

Критики и надвор од таборот на Орбан

Изјавите на Суљок. беа дочекани со потсмешливи коментари од владејачките кругови. Неговите критичари прашуваат зошто уставниот и демократскиот поредок му станале важни дури сега, кога за време на владеењето на Орбан, според нив, не реагирал на спорните потези на власта.

Меѓутоа, критики доаѓаат и надвор од политичкиот табор на поранешниот премиер Орбан. Правни експерти од Унгарија и од странство предупредуваат дека разрешувањето на претседател од страна на парламентот може да создаде опасен преседан што би можел да има последици и во други држави.

Суљок. најави дека нема да го потпише законот за неговото разрешување, иако според процедурата треба да го стори тоа во рок од пет дена. Премиерот Маѓар најави дека во таков случај ќе покрене формална постапка за негово отповикување.

Претседателот би можел да се обрати и до Уставниот суд на Унгарија, кој сè уште во најголем дел е составен од судии именувани за време на владеењето на Виктор Орбан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарија: Претседателот Суљок разрешен од функцијата

Унгарскиот премиер Петер Маѓар ја започна парламентарната седница со…

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА „ЗДИВЕА“: Барел чини 84…

Американските акции паднаа откако претседателот Доналд Трамп…

Тројца членови криминалната група Беланоца добија високи…

Тројца членови на криминалната група Беланоца вчера…

Вештаци во судот за пожарот во „Пулс“:…

„Температура во клубот („Пулс“) има достигнато минимум…

Ердоган: Турција ќе спречи да се повтори…

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера изјави…