Намамиле 14-годишно девојче, го претепале и го снимале нападот во Куманово
СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство” по член 386 став 3 од Кривичниот законик.
Пријавените на 13.03.2026 околу 18:00 часот, повикале 14-годишно девојче да излезе од нејзиниот дом, по што ја убедиле да влезе во просторија во близина на спортскиот центар „Соколана” во Куманово. Таму најпрвин ја навредувале, а потоа и физички ја нападнале, при што целиот настан го снимале со мобилен телефон.
По извршеното насилство, осомничените ѝ се заканиле на малолетничката да не го пријавува настанот и да не зборува за снименото видео, заканувајќи ѝ се дека во спротивно ќе ѝ се случи нешто уште полошо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Намамиле 14-годишно девојче, го претепале и го…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А.…
Од денеска дизелот и бензинот се точат…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) вчера донесе…
ДУИ: Вербалниот напад од Иван Стоилковиќ врз…
Вербалниот напад на Иван Стоилковиќ врз пратеничката…
Од Фондот за здравство во Владата: Клековски…
Собранието го избра Сашо Клековски за нов…
ВМРО-ДПМНЕ: Македонската дијаспора е жртва на блокадата…
Блокадите што СДС, Левица и ДУИ ги…