Државјанин на Македонија со нож нападнал Србин на брод во Хрватска, осомничен е за обид за убиство
Жупаниското државно обвинителство во Пула отвори истрага против 55-годишен државјанин на Македонија, кој е осомничен за обид за убиство на 48-годишен државјанин на Србија при инцидент што се случил на брод во близина на Медулин.
Според Обвинителството, постои основано сомнение дека осомничениот на 13 јули, со намера да го лиши од живот српскиот државјанин, го нападнал со нож и повеќепати замавнувал кон неговата глава и стомак.
Жртвата, обидувајќи се да ги заштити виталните делови од телото, се бранела со раката и при тоа се здобила со тешки телесни повреди. Понатамошниот напад бил спречен од друго лице, кое успеало да му го одземе ножот на напаѓачот.
По кривичната пријава поднесена од Полициската станица Пула, Обвинителството донело наредба за спроведување истрага за кривично дело обид за убиство.
Воедно, предложен е и истражен притвор поради опасност од бегство, а судија на Жупанискиот суд во Пула го прифатил предлогот и му одредил притвор на осомничениот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Државјанин на Македонија со нож нападнал Србин…
Жупаниското државно обвинителство во Пула отвори истрага…
Кинеската трговска размена достигна 3,75 трилиони долари…
Кинеската надворешна трговија во првата половина од…
ДУИ: Во Министерството за одбрана 10 од…
Официјалните податоци објавени од Министерството за одбрана…
Сиљановска: Македонско-француското пријателство е втемелено на меѓусебна…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова синоќа присуствуваше не…
Хантер Бајден: Украина е политичко змиско гнездо,…
Хантер Бајден, син на поранешниот американски претседател…