Вучиќ: Хрватска тајно се обидува да го набави израелскиот систем „Барак“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави минатата недела дека Хрватска се обидува да го набави израелскиот систем за противвоздушна одбрана од типот „Барак“.
Односите меѓу Србија и Хрватска редовно се разнишуваат по секоја најава за набавка на ново вооружување. Изминатите месеци во фокусот на размената на изјави меѓу претставниците на Белград и Загреб беа кинеските балистички ракети „CM400AKG“ кои ги набави Србија.
Одговарајќи на прашањето за изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ дека ги известил сојузниците во НАТО за вооружувањето на Србија, претседателот на Србија во изјава за телевизијата „Пинк“ пред три дена изнесе тврдење дека Хрватска сака да го набави израелскиот систем за противвоздушна одбрана „Барак“.
„Дали некогаш ве прашав за што ви се ‘Панцерхаубице’, кога ги купувавте и ги земавте уште пред 10-12 години? Дали ве прашав за хеликоптерите ‘Кајова’? Дали ве прашав зошто сега се обидувате да нарачате ракетни системи ‘Барак’ од Израелците, а молчите во вашата јавност и не смеете ни да го споменете тоа?“, рече Вучиќ.
Од друга страна, израелскиот систем „Барак“ досега не беше споменуван во хрватската јавност, иако се зборуваше за набавка на системот „Давидова прачка“ (David’s Sling).
Пошироко гледано, Хрватска веќе подолг временски период ја разгледува набавката на системи за противвоздушна одбрана со среден или долг дострел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Хрватска тајно се обидува да го…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави минатата…
Израел ќе гради уште 34 нови населби…
Израелскиот кабинет за безбедност одобри буџет од…
Израел ќе одржи избори на 27 октомври…
Израелскиот парламент соопшти дека земјата ќе одржи…
Делегација од косовски војници пристигна во Израел…
Одборот за мир објавува дека мала делегација…
Американските стелт-ловци Ф-22 го напуштија Израел, на…
Американската војска ги повлече своите најнапредни стелт-борбени…