Објавено на:

МВР со детали за несреќата која вчера го закочи автопатот Тетово-Скопје: Дете во најтешка состојба од петмината повредени

t

Вкупно пет луѓе се повредени, а меѓу нив најтешки повреди има едно дете, во вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје кај наплатната станица во Глумово, соопшти полицијата.

Несреќата предизвика голем застој на автопатот и километарски колони.

„На 14.07.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Тетово- Скопје, во близина на наплатна рампа Глумово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(33) од Скопје и возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 39-годишната Л.А. од с.Патишка Река, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, сопатникот М.А.(24) и уште една малолетна сопатничка од возилото „фолксваген голф“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје“, пишува во полициското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетник фрлил пиротехничко средство во Капиштец, избувнал…

Пожар избувнал синоќа во парк во скопската…

Кривична пријава против четири лица за сторени…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.В.(43)…

„Безбеден град“ од 12 октомври ќе се…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…

ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…

МВР информира дека вчера попладне во 12:45…

Гранка од топола усмрти 77 годишен радовишанец

МВР информира дека вчера попладне во 12:30…