По еден месец прекин, се враќаат возовите до Битола
По речиси еден месец прекин, од денеска повторно сообраќаат патничките возови на релацијата Скопје-Битола и Битола-Скопје. Железничкиот сообраќај кон Битола беше прекинат од 22 јуни поради работи на пругата, а со неговото повторно воспоставување патниците повторно добиваат железничка врска меѓу двата града.
Од „МЖ Инфраструктура“ информираат дека по завршените работи на пругата Скопје-Битола-Жабени, во делот од железничката станица Бакарно Гумно до товариштето „Никола Карев“, од 15 јули започна сообраќајот на патничките возови.
„По завршените работи на пругата Скопје-Битола-Жабени, во делот од станицата Бакарно Гумно до товариште Никола Карев, од 15 јули започнаа да сообраќаат патничките возови на релација Скопје-Битола и Битола-Скопје“, соопштија од „МЖ Инфраструктура“.
Во моментов ќе сообраќаат два од трите возови предвидени со годишниот возен ред на Македонски железници.
Од Скопје кон Битола возовите тргнуваат во 7:06 часот и 20:05 часот, додека од Битола кон Скопје се со поаѓања во 3:10 часот и 18:22 часот.
Пладневните возови кои претходно сообраќаа кон Битола и Велес и понатаму не се во функција.
Покрај линијата кон Битола, на македонските пруги моментално сообраќаат и патнички возови кон Гевгелија и Куманово, но само во утринските, попладневните и вечерните часови.
Железничките линии кон Кичево и Кочани остануваат во прекин уште од мај 2021 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради закани за атентат од Иран: Американскиот…
Американскиот министер за финансии Скот Бесент е…
Зеленски категоричен: Нема да го предадам Донбас…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли…
Објавата на Топ ченел има политичка заднина…
Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет…
Москва oд Абу Даби: НАТО да се…
Русија го покрена прашањето за враќање на…
ЗАРЕМ И ПО 63 ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ, КОРУПЦИЈАТА…
На денешното судско рочиште, градежните експерти ги…