(Видео) Татко, мајка и бебе загинаа на Халкидики: Цистерна уништи автомобил, преживеа само тригодишното дете
Татко, мајка и нивното бебе загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на регионалниот пат Неа Мудања – Никити на Халкидики, додека нивното тригодишно дете е тешко повредено и пренесено во болница.
Според грчките медиуми, несреќата се случила околу 18:30 часот, кога дошло до судир меѓу цистерна и патничко возило во кое се наоѓало четиричлено семејство.
Во автомобилот патувале двајца родители со своите две малолетни деца. Според првичните информации, возилото било со странски регистарски таблички, а неофицијално се наведува дека станува збор за семејство од Молдавија.
По пријавата за несреќата, на местото веднаш пристигнале екипи на противпожарната служба и Итната медицинска помош. Пожарникарите со специјална опрема започнале акција за извлекување на повредените од возилото.
Жената и бебето биле извлечени без знаци на живот. Таткото и тригодишното дете биле извлечени со тешки повреди и веднаш транспортирани во болница, но мажот им подлегнал на повредите.
Во спасувачката акција учествувале осум пожарникари со три противпожарни возила, а на терен биле и екипи на грчката итна медицинска помош (ЕКАБ).
Причините за несреќата сè уште се утврдуваат, а надлежните органи започнале истрага за околностите под кои дошло до трагичниот судир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ удри моќна руска хакерска мрежа со…
Бугарија, заедно со САД, Унгарија и Романија,…
Унгарија отвори кривична истрага за кредитот од…
Унгарските власти вчера соопштија дека отворија кривична…
Еболата во Конго досега однесе над 3.000…
Над 3.000 лица починаа во епидемијата на…
Му побарале уплата на шалтер, тој го…
Инцидент се случил во Клиничката болница во…
Лефков: Талогот на СДС и Филипче за…
Венко Филипче кој има главна улога во…