Летни горештини во Македонија, во недела ќе биде „пекол” – УХМР со метео предупредување за попладне
Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе се движи од 11 до 21 степен, а максималната ќе достигне меѓу 31 и 38 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе изнесува околу 19 степени, додека дневната ќе достигне до 37 степени.
Во следните денови ќе се задржи претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Најтопло ќе биде до недела, кога дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски ракетен напад врз Киев, експлозии и…
Украинскиот главен град Киев рано утрово бил…
Летни горештини во Македонија, во недела ќе…
Денеска времето ќе биде сончево и топло,…
Денеска сончево со услови за дожд и…
Денеска времето ќе биде сончево и топло,…
Венс: Апсолутно лошо се справуваме со досиејата…
Потпретседателот Џ. Д. Венс призна дека администрацијата…
„Порше“, „ауди“, „бмв“, стан… – МВР му…
Полицијата во Кочани, во координација со Основното…