Финалето в недела само втор официјален дуел меѓу Аргентина и Шпанија
Финалето на Светското фудбалско првенство во кое в недела во Њу Џерси ќе играат Аргентина и Шпанија ќе биде само втор официјален натпревар меѓу двете репрезентации во историјата.
Единствениот натпревар досега беше одигран во Бирмингем во групната фаза на Светското првенство во 1966 година, кога Аргентина победи со 2-1.
Аргентинците и Шпанците одиграа 13 пријателски натпревари, на кои Аргентина победи шест пати, Шпанија пет пати, а два натпревари завршија нерешено.
За Шпанија ова ќе биде само второ мундијалско финале во историјата, по 2010 година кога ја освои титулата.
Аргентина ќе ја брка својата четврта титула на Светското првенство, откако претходно победи во 1978, 1986 и 2022 година.
Доколку Аргентинците ја одбранат титулата освоена пред четири години во Катар ќе го повторат успехот на Италија (1934 и 1938 година) и Бразил (1958 и 1962), како единствени две репрезентации кои освоиле две едноподруго светски титули.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Камо среќа некој да изгради дата-центар во…
Државата има потреба од примарен национален дата-центар,…
ЕУ и НАТО најавија пожесток одговор кон…
Лидерите на Европската Унија и на НАТО…
Екс шефот на ЦИА го предупреди Западот:…
Дејвид Петреус, пензиониран генерал на американската армија…
Градоначалникот на Лондон казнет за неплаќање данок…
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, е прогласен…
(Видео) Германија тестира моќна балистичка ракета сред…
Германија успешно тестираше балистичка ракета произведена во…