Објавено на:

Притвор за сопругот на Димитровска која наплаќаше за Куклица, фрлал камења кон инспектори на УЈП

t

Откако Стојна Димитровска најави на социјалните мрежи дека ќе наплаќа по 5 евра за секој што сака да влезе на локалитетот Камени кукли, денеска обвинителството побара притвор за нејзиниот сопруг. На објавата од вчера на Фејсбук дека ќе издава и фискални сметки, локалитетот го посетиле инспектори на УЈП. Но нејзиниот сопруг кој е британски државјанин фрлал камења врз нив и нивното возило.

На 16 јули, на локалитетот “Камени Кукли” во селото Куклица, Кратово, осомничениот 41-годишен британски државјанин го спречил постапувањето на двајца даночни контролори кои вршеле службени дејствија на контрола во однос на претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност, 

Сопругот на Димитровска е приведен, осомничен за Спречување службено лице во вршење службено дејствие и за него Основниот суд во Куманово одреди осум дена притвор.  Стојна Димитровска Боотх пак има судска забрана да се доближува до локалитетот Куклица, но и таа повторно беше затекната таму изминатиот викенд. Полицијата ја затекна по пријава од посетители.

Ве известуваме дека од страна на Основниот суд Кратово против С.Д.Б. донесено е решение со кое се определуваат мерки на претпазливост, во рамки на кои е и забрана за посетување на локалитетот Куклица, но С.Д.Б. на 11.07.2026 била затекната на локалитетот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Куклица е природно богатство од јавен интерес, но до него се стигнува преку пат што минува низ приватни имоти. Еден од нив е и имотот на луѓе кои им го дале на користење на семеството Димитровски. Телма веќе објаваи дека тие подолго време наплаќале по 150 денари на посетителите бидејќи токму таму се наоѓа влезот на локалитетот. Во јавност излегоа и видео материјали кои покаќуваа дека таа наплаќа и за паркинг. Во меѓувреме се уштетрае спорот меѓу Општина Кратово и здружението Извор за тоа кој да стопанисува со Куклице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор за сопругот на Димитровска која наплаќаше…

Откако Стојна Димитровска најави на социјалните мрежи…

Уапсен маж во Унгарија: Бркал 22 годишна…

Педесетгодишен маж е уапсен во Унгарија откако…

Министерот за одбрана на САД објави видео…

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет објави…

Украина користи 10.000 дронови дневно, тврди екс…

Поранешниот директор на ЦИА и пензиониран генерал…

Рама за изјавата на министерката Пауновиќ: „Нема…

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на критиките…