Четворица вработени на аеродромот во Франкфурт заболеа од маларија
Четворица вработени на аеродромот во Франкфурт заболеа од маларија, а германскиот Институт „Роберт Кох“ соопшти дека се претпоставува оти се заразиле преку каснување од комарец од родот *Anopheles*, кој пристигнал во Германија со авион.
Сите четворица биле вработени во одделот за ракување со багаж на еден од најпрометните германски аеродроми, пренесува RTL Луксембург.
Инцидентот предизвика загриженост дека би можело да се појават и други случаи меѓу аеродромските работници.
Од Институтот наведоа дека станува збор за таканаречената „аеродромска маларија“ – ретка појава во Германија, каде што повеќето случаи на болеста се регистрираат кај лица што се заразиле за време на престој во странство.
Во периодот меѓу 1969 и 2024 година, ширум светот биле пријавени само 145 случаи, од кои девет во Германија.
Поради реткоста на ваквите случаи, дијагнозата често се поставува доцна, бидејќи маларијата генерално не се очекува кај пациенти кои не патувале во области каде што болеста е широко распространета, пренесува Танјуг.
Доцното откривање на инфекцијата може да го зголеми ризикот од компликации.
Институтот „Роберт Кох“ ги повика лекарите да ја земат предвид можноста за маларија во текот на летните месеци кај пациенти кои работат на аеродроми или во нивна близина, особено кај оние што работат на интерконтинентални летови.
Според Институтот, последниот случај на аеродромска маларија во Германија бил забележан во 2023 година, исто така на аеродромот во Франкфурт.
Здравствените власти во Франкфурт спроведуваат истрага за да ги утврдат околностите под кои дошло до инфекцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Син нападна мајка во струшко село
МВР информира дека вчера попладне во 16:00…
Четворица вработени на аеродромот во Франкфурт заболеа…
Четворица вработени на аеродромот во Франкфурт заболеа…
МВР: На ноќна забава отишле со ножеви,…
Во акциска контрола во угостителски објекти на…
Воајер во бутик во Скопје – качен…
МВР информира дека завчера попладне во 17:30…
Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со…
Премиерот Христијан Мицкоски во врска со актуелната…