Град Скопје испраќа цистерни со питка вода за Гостивар, Ѓорѓиевски повика и другите општини да се вклучат
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава на Фејсбук информираше дека Град Скопје испраќа цистерни со питка вода за граѓаните на Гостивар, поради сомнежите дека водата од градскиот водовод е причина за здравствените проблеми кај поголем број жители.
Ѓорѓиевски истакна дека во вакви ситуации е потребна брза реакција и солидарност, посочувајќи дека цистерните со вода ќе бидат на располагање додека траат испитувањата и сè до целосно надминување на состојбата.
„Сите нѐ потресе случајот во Гостивар, каде поголем број граѓани пројавија симптоми на труење, а постојат сомнежи дека причината е загадената вода за пиење од градскиот водовод. Во вакви моменти нема место за чекање – потребни се брза реакција, човечност и солидарност. Град Скопје веднаш испраќа цистерни со питка вода за жителите на Гостивар“, напиша Ѓорѓиевски.
Како претседател на ЗЕЛС, тој упати апел и до останатите градоначалници, во рамките на своите можности, да се приклучат со помош за Гостивар.
Во објавата, Ѓорѓиевски побара надлежните институции темелно и транспарентно да ги утврдат причините за случајот, а доколку се констатираат неправилности, да има и соодветна одговорност.
„Град Скопје и јас како градоначалник ќе останеме со гостиварчани сè додека трае оваа состојба. Нашата помош и поддршка ќе бидат постојани, сè до нејзино целосно надминување. Во неволја се познава човечноста. Гостивар не е сам“, порача Ѓорѓиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Град Скопје испраќа цистерни со питка вода…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава…
Син нападна мајка во струшко село
МВР информира дека вчера попладне во 16:00…
Четворица вработени на аеродромот во Франкфурт заболеа…
Четворица вработени на аеродромот во Франкфурт заболеа…
МВР: На ноќна забава отишле со ножеви,…
Во акциска контрола во угостителски објекти на…
Воајер во бутик во Скопје – качен…
МВР информира дека завчера попладне во 17:30…